Навивачите на
Евертон откако увидоа дека шпекулациите со Рафа Бенитез се реални, веднаш го
кажаа својот глас против поранешниот тренер на лутиот градски ривал Ливерпул,
меѓутоа, и покрај фактот што имаше дури и навредливи коментари на транспаренти
за Шпанецот, раководството на Евертон остана одлучно во намерата да го ангажира
Бенитез.
Тој денеска на
првата пресконференција за медиумите откако стана тренер на „Карамелите“,
тврдеше дека одлуката да седне на клупата на Евертон била лесна, а воопшто
тешка.
„Лесно беше за
мене, сакав да се вратам во еден конкурентен тим, верувајте, воопшто не ми
влијаеа транспарентите против мене, убеден бев дека сево ова е голема прилика“
рече Бенитез.
„Сево ова не е
нешто од кое јас се плашам, туку спротивното“ додаде тој.
„Што се однесува
до транспарентите, ние можеме да говориме за еден, или двајца луѓе, никогаш не
можете да знаете…“ нагласи шпанскиот фудбалски стратег.
„Диарио Спорт“
известува дека првото засилување кое Бенитез го посакува во Евертон е Клемен
Ленгле од Барселона, Французинот кој немаше забележителни настапи изминатата
сезона за Каталонците.
Се верува дека
Бенитез го нема во плановите Јери Мина за новата сезона, кој наводно не се
вклопувал во неговиот систем, а алтернативна опција е воедно и дефанзивецот на
Наполи, Калиду Кулибали.