Навреди и закани за Алиоски на социјалните мрежи, полицијата ќе истражува

by
1 минути читање

Езгјан Алиоски е
во фокусот по синоќешниот натпревар помеѓу Лидс и Арсенал, го испровоцира
Николас Пепе, дојде до кошкање, фудбалерот на „топчиите“ го удри со глава Македонецот а судијата немаше друг избор и му покажа црвен картон.

Па Езгјан Алиоски
и Николас Пепе беа мета на гневни фанови, кои на социјалните мрежи упатија
навреди и закани.

Лидс и Арсенал
веднаш го осудија ваквото однесување и најавија дека ќе соработуваат со полицијата
за да се најдат виновниците.

„Лидс нема да ги толерира
грозните навреди упатени кон Езгјан Алиоски и Николас Пепе на социјалните мрежи
по синоќешниот натпревар против Арсенал. Ќе соработуваме со полицијата и
фудбалските власти за да се осигураме дека овие индивидуи ќе бидат
идентификувани и казнети“
– гласеше соопштението на Лидс.

„Ги осудуваме грозните
навреди кон Николас Пепе и Езгјан Алиоски на социјалните мрежи по нашиот
натпревар против Лидс. Ова е неприфатливо, ќе соработуваме со полицијата и
властите и ќе сториме се што можеме за да се пронајдате виновниците и да се
казнат“
– гласеше известувањето на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×