Навивачите на Селтик влегоа во војна со УЕФА (ФОТО)

by
1 минути читање

Селтик славеше
победа од 2-0 над Ференцварош на свој терен во третото коло од групната фаза во
Лига Европа, а со тоа шкотскиот претставник ја запиша првата победа сезонава во
тоа натпреварување.

Сепак, фактот што
мечот стартуваше во терминот од 16,30 часот ги разлути навивачите на Селтик,
ако се земе во предвид дека тоа е еден доста невообичаен термин во Велика Британија
во работен ден.

Е*и се УЕФА
гласеше пораката на транспарентот на навивачите на Селтик.

Трибините не беа исполнети до последното место, меѓутоа на истите имаше 50 илјади навивачи, а по мечот Селтик им се заблагодари на навивачите за поддршката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани