Навивачите на Њукасл веста за нов сопственик ја славеа како да освоиле титула (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред Њукасл се
возбудливи времиња, заврши ерата на Мајк Ешли, кој не беше омилен лик кај
навивачите поради начинот на кој го водеше клубот и главен фокус му беше бизнис
страната и профитот.

Њукасл преминува
во рацете на конзорциум предводен од Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) на Саудиска
Арабија и не само што ќе стане клубот со најбогат сопственик (ПИФ вреди преку
300 милијарди фунти), ќе има сопственик кој сигурно ќе сака да вложи огромни
пари за да им парира на гигантите како Манчестер јунајтед, Манчестер Сити,
Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотнем.

Па навивачите на
Њукасл попладнево се собраа пред Сент Џејмс Парк и промената на сопственикот ја
славеа како да освоиле титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани