Ковид-19 направи хаос во Серија А, неколку натпревари денеска нема да се играат и покрај тоа што официјално нема одложени натпревари. Хаосот повторно настана поради локалните здравствени власти (АСЛ) кои решија да се стават над протоколите и да изречат забрани за патувања и карантини.
Но одлуките на АСЛ нема да биде единствена тема на дебата, фудбалската јавност, особено навивачите на Наполи останаа збунети откако Спортиталија објави дека Елиф Елмас, заедно со еден член од персоналот на Наполи, утрово добиле позитивени тестови.
Македонецот за време на паузата по втор пат се зарази со ковид-19, но пред неколку дена доби позитивен тест и се стави на располагање за дуелот со Јувентус. Па многумина не можат да поверуваат и се чудат како денешниот тест е позитивен.
Според Спортиталија, во моментов нема планови за одложување на натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи, но не се исклчува можноста да се замешаат локалните здравствени власти од Торино и да го стопираат натпреварот.