101-вото Класико
се игра вечерва на Велодром, Марсеј ќе го пречека лутиот ривал ПСЖ. Дербито
оваа сезона е зачинето со присуството на Лео Меси, за кого е подготвен
специјален пречек и дожд од лажни пари.
Навивачите на
Марсеј на теренот ќе фрлат испечатени банкноти со ликот на Аргентинецот, и тоа од
моментот кога плачеше на пресконференцијата пред заминувањето од Барселона.
Со овој потег,
домашните фанови сакаат да порачаат дека Лео Меси ги одбрал парите од Катар
наместо љубовата за дресот на Барселона.
“C’est pour Messi ça ce soir. J’espère qu’il saura apprécier”
Les supporters marseillais chambrent Messi avec une liasse de billets à son effigie #OMPSG pic.twitter.com/R7OIITcSaD
— Téléfoot (@telefoot_TF1) October 24, 2021