Сопственикот на
овосезонскиот првак во Премиерлигата, Манчестер Сити, Шеикот Мансур ќе ги
покрие трошоците за патување за сите навивачи на англискиот клуб кои ќе
патуваат да ги бодрат „Граѓаните“ на финалето во Лигата на шампионите.
Финалната
пресметка е предвидена да се одигра во Порто, Португалија на 29 мај, а
Манчестер Сити ќе има 6,000 навивачи на трибините против Челси.
Како и да е,
освен тоа што цените на летовите значително се зголемија, дополнителен товар за
навивачите на Манчестер Сити секако се воедно и предвидените ПЦР тестови, па од
клубот се решија да им излезат во пресрет на своите навивачи.
„Неколкуте илјади
навивачи на клубот ќе имаат бенефит од оваа наша иницијатива која е со цел да
ги намали нивните трошоци за ова патување, со оглед на импактот од пандемијата
со ковид-19“ стои во соопштението на Манчестер Сити, а се огласи и Шеикот.
„Пеп и неговиот
тим имаат фантастична сезона зад себе, успеаа да се пласираат во финалето од
Лигата на шампионите по една неверојатна година полна со предизвици, овој
момент е историски з аклубот, а потребна е поддршката од нашите навивачи кои ќе
присуствуваат на овој посебен меч“ нагласи тој.