Стотици навивачи
на Манчестер јунајтед излегоа на протест пред арената „Олд Трафорд“ за да го
искажат своето незадоволство од тоа што клубот беше инволвиран во
контроверзното натпреварување Европска Супер Лига.
Манчестер
јунајтед како и останатите пет клуба од големата шесторка во Премиерлигата се
повлече од идејата за Суперлигата, но тоа не беше доволно да се сопре револтот
кај тамошните навивачи, кои дури и се здружија против Суперлигата.
На протестот
денеска навивачите на „Црвените ѓаволи“ уште еднаш побараа повлекување на
семејството Глејзерови од клубот, за што говорат и пораките на нивните
транспаренти, а по случувањата со Суперлигата оставка си поднесе извршниот
потпретседател Ед Вудворд.