Темата со
Европската Супер Лига и натаму е актуелна, а на Островот навивачите излегоа дури
и на улица да го пренесат своето незадоволство, а освен навивачите на Челси и
Тотнем, тоа веќе го сторија и навивачите на Манчестер јунајтед.
Фановите на „Црвените
ѓаволи“ го блокираа влезот од тренинг центарот на клубот, а бараа повлекување
од страна на сопствениците на Премиерлигашот, семејството Глејзерови кое
поседува дури 98% од акциите на клубот, а 2% се сопственост на довчерашниот
извршен потпретседател Ед Вудворд кој си поднесе оставка по случувањата со
Суперлигата.
Во меѓувреме,
Џоел Глејзер испрати отворено писмо до навивачите на клубот, во кое изрази
жалење за новонастанатата ситуација, нагласувајќи дека клубот посакува да ги
постави работите на правилен начин по сево ова.
„Ние ова го
сторивме на лош начин, а сега посакуваме да ги поставиме работите на вистински
начин, имам разбирање за тоа дека ќе ни биде потребно време да го надминеме
сево ова, лично ќе бидам посветен на тоа да ја реизградан довербата на нашите
навивачи и да научам од пораката која ми ја испративте толку убедливо“ стоеше
во дел од писмото на Глејзер.