282
Навивачите на
Лацио го вандализираа муралот за Жозе Мурињо во Рим на кој португалскиот
фудбалски стратег, инаку нов тренер на лутиот ривал Рома вози веспа.
Лицето на
Португалецот сега е покриено од чадот од цигарата која ја пуши Маурицио Сари,
инаку новиот тренер на Лацијалите.
Муралот беше
креиран веднаш по назначувањето на Мурињо за нов тренер на Рома, лутиот градски
ривал на Лацио, чии навивачи сега најдоа начин како да го стават во втор план.
