Интер доби
дозвола за присуство на 1,000 навивачи на „Сан Сиро“ за нивниот последен меч
актуелнава сезона во Серија А на домашен терен против Удинезе, кој е предвиден
да се одигра во недела.
Меѓу другото,
клубот од Милано, би требало да има околу 4,500 навивачи во еден простор вон
арената за истите да ја проследат церемонијата околу освојувањето на титулата
во Серија А.
Во Италија дел од
медиумите шпекулираат дека оние кои ќе присуствуваат на трибинскиот простор за
мечот со Удинезе всушност ќе бидат блиски пријатели и членови на семејствата на
фудбалерите и стручниот штаб.
На спротивната
страна пак, вон арената, на паркинг просторот веднаш до стадионот ќе им биде
дозволено присуство на 4,500 навивачи, според известувањата на весникот „Република“,
а токму на тоа место „Нероаѕурите“ ќе го подигнат пехарот.