Навивачите на Бенфика бесни го нападнаа автобусот на својот тим, двајца фудбалери завршиле во болница

by
1 минути читање

Порто во средата загуби од Фамаликао, па Бенфика со победа над Тондела ќе му избегаше бодовно на врвот на табелата. Сега и двата тима имаат по 60 бодови.

Тондела се тим кој е во долниот дел на табелата, но Бенфика не успеа да им даде гол, натпреварот заврши 0-0.

Навивачите гневни на изданието на своите фудбалери се собрале пред стадионот и го нападнале автобусот со кои се превезувале играчите. 

Според португалските медиуми, двајца од фудбалерите биле повредени и префрлени во болница, Јулијан Веигл и Андрија Живковиќ.

Голема е пасијата за фудбал во Лисабон, слични проблеми со навивачите има и Спортинг, па ваквите напади кон своите фудбалери не се нешто ново во Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×