380
Во завршницата од натпреварот меѓу Вележ и Борац се случил голем инцидент, во 82. минута гостите повеле со 2-0 и тогаш дел од домашните навивачи влегле на теренот.
Тие тргнале да се пресметуваат со судиите и фудбалерите на Борац, мечот тука бил прекинат.
Мечот имал и трето полувреме. Било запалено возилото во кое во моментот биле судиите.
Во болница завршил главниот судија Сабрија Топаловиќ и супервизорот на судењето на мечот. На физички напад се пожалил и директорот на Борац, Дејан Лукендиќ.