Навивачите на Арсенал на денешната шампионска прослава урнале голем рекорд

by Стефан
1 минути читање

Очајот по поразот на пенали во вчерашното финале од Лигата на шампионите денеска се претвори во вистинска ерупција на радост, откако илјадници навивачи на Арсенал ги преплавија улиците на северен Лондон.

Фудбалерите и стручниот штаб се качија на отворени автобуси и по рута долга околу осум километри ја прославија долгоочекуваната титула во Премиер лигата, прва по 22 години.

Навивачи пристигнуваа од сите делови на земјата за да ги поздрават своите миленици, а голем број од нив ги зазедоа најдобрите позиции уште неколку часа пред почетокот на парадата.

Според полицијата, денешната прослава на Арсенал претставува најголема победничка парада во историјата на Англија. Се проценува дека на улиците на Лондон излегле повеќе од 1,5 милиони луѓе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×