ПСЖ вчера лесно со 4-0 го победи Интер Мајами и се пласираше во четвртфиналето од Светското клупско првенство, тоа беше меч на Меси против својот поранешен клуб.
Европскиот шампион вчера работата ја заврши во првото полувреме кога ги даде сите четири голови, а во вториот дел само рутински ја сочува предноста без да вложува голем напор.
На трибините имаше навивачи кои не беа на страната на Меси, напротив, решија да го исмеваат Аргентинецот.
Тие извадија платно со слика од Меси претставен како старец без заби, на платното имаше и неколку резултати со порази на Интер Мајами.