Навивач шокиран од цената која ја платил за пуканки и пиво на стадион во САД

by Стефан
1 минути читање

Цените на храната на фудбалските стадиони сè почесто предизвикуваат бура реакции на социјалните мрежи, а најновата објава на страницата „Footy Food“ повторно ја отвори темата за скапите задоволства што ги очекуваат навивачите ширум светот.

Овојпат мета на критики се најде стадионот на Лос Анџелес ФК, клуб од МЛС-лигата чии резултати и популарност бележат постојан раст. Според „Footy Food“, која е специјализирана за следење на цените на храната на стадионите, навивач на овој клуб платил дури 33 долари или околу 30 евра за порција пуканки и лименка пиво.

Фотографијата од ова, на прв поглед обично, уживање веднаш предизвика лавина реакции на интернет, при што многумина коментираа дека цените се нереално високи, дури и за американските стандарди.

Овој пример доаѓа на една година пред Светското првенсво на кое САД ќе биде домаќин заедно со Канада и Мексико, а кога во прашање е еден Мундијал јасно е дека цените можат да бидат и повисоки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани