Навивач на Реал Сосиедад големото финале го гледаше од тротоар – билетите им ги дал на сопругата и ќерката! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Навивач на Реал Сосиедад големото финале од шпанскиот куп против Атлетико Мадрид го следеше пред стадионот и тоа затоа што имал само две билети.

Имено, тој одлучил да ги подари билетите на сопругата и ќерката, па нив ги испратил на стадионо во Севиља за да го проследат големото финале. Натпреварот го гледал од тротоар во близина на стадионот, а кога Сосиедад го освои трофејот, следуваше големо славје.

Трофејот подоцна го прослави и со семејството, кога сопругата и ќерката излегле од стадионот, што може да се види и во објавеното видео од шпанските медиуми.

Ќе потсетиме, Сосиедад во финалето славеше против Атлетико по подоброто изведување на пенали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×