151
Вардар славеше со 0-2 на гости кај Башкими во натпревар кој беше прекинат поради инцидент на трибините.
Навивач на домашниот тим паднал од трибина, веднаш му била укажана помош и бил пренесен во болница. Од Башкими информираа дека неговата состојба е стабилна.
„Се случи неочекуван инцидент за време на натпреварот со Вардар, откако еден наш навивач падна од трибината. Му благодариме на Бог, неговата состојба е добра и стабилна. „Зелено-црното“ семејство му посакува брзо заздравување и брзо враќање на трибините да го поддржува клубот. Ќе бидеме со него“, соопштија од Башкими.
Сличен инцидент имаше и на претходниот меѓусебен натпревар во Куманово, но и тогаш без потешки последици.