Навивач на Рома украл дрес па се правдал: Извинете, но Мурињо ме тера да правам луди работи

by
1 минути читање

Жозе Мурињо
предизвика еуфорија кај навивачите на Рома кога на почетокот од летото
пристигна во Рим и седна на кормилото на „волчицата“.

„Ефектот Мурињо“
сега се најде и во полициски записник откако еден навивач на Рома украл дрес од
продавницата на „вочлицата“ во центарот на Рим.

Кога полицијата
го уапсила момчето, тој како оправдување рекол: „Извинете, но Рома на чело со
Мурињо ме тера да правам луди работи. Играме финале во Конференциска лига, не
можев да одолеам“.

Можеби Рома е
далеку од битката за Скудетото, но за прв пат по 31 година ќе игра европско
финале и против Феенорд во Тирана ќе се бори за трофејот во Конференциска лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×