199
35 годишниот
напаѓач Оливие Жиру му донесе победа на Милан на гостувањето кај Наполи со 0-1,
а со тоа „Росонерите“ се искачија на првото место на табелата во Серија А со
два бода предност во однос на Интер, кој има меч помалку.
Делејќи автограми
и фотографирајќи се со навивачите на Милан, Жиру јасно им стави дознаење на
навивачите дека „Росонерите“ до крај ќе се борат за титулата во Серија А.
„Дали ќе го
освоиме Скудетото оваа сезона?“ го праша еден навивач, по што Жиру му одговори:
„Да, секако“.
Францускиот
напаѓач на 27 настапи за Милан сезонава успеа да запише 11 погодоци зад своето
име, а реализираше уште и две асистенции.