Навивач на Лидс го „улови“ Алиоски: Тој изгледа одлично, но неговиот автомобил… (ФОТО)

by
1 минути читање

Поради
ситуацијата со коронавирусот, фудбалот е суспендиран, така е воедно и на
Островот, па фудбалерите на Лидс и нивниот тренер Марсело Биелса не се во
можност да тренираат, ниту пак да имаат натпревари.

Сепак, навивач на
тимот од „Еланд Роуд“ успеа да го „улови“ нашиот репрезентативец и член на
англискиот второлигаш, Езгјан Алиоски, забележувајќи го во неговото возило.

„Македонецот кој
има клучна улога во Лидс сезонава
“ пишуваат на Островот, во таа прилика љубезно
го спуштил прозорецот од својот автомобил да го поздрави навивачот на Лидс, а
овој ситуацијата ја пренесе на платформата „Реддит“, наведувајќи дека Алиоски изгледа одлично, но неговиот автомобил треба да биде исчистен.

His car needs a clean but the guys looking good! from r/LeedsUnited

„Неговиот
автомобил треба да се испере, но Алиоски изгледа одлично!
“ напиша навивачот
на својот профил, со што објави и фотографија од таа ситуација со нашиот
фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×