184
Челси денеска
имаше отворена тренинг сесија на која присуствуваа и одредена бројка навивачи
на клубот, меѓутоа на „Стемфорд Бриџ“ напаѓачот Тимо Вернер доживеа непријатна
сцена.
На навивачите освен што им
беше укажана приликата да го проследат тренингот на старо-новото засилување
Ромелу Лукаку, исто така им беше укажана прилика да дадат свој збор за време
на настанот, а еден навивач му донесе голема непријатност на Вернер.
„Ајде да бидеме
јасни, направете Вернер да си замине од овој клуб“ порача навивачот, а неговиот
коментар предизвика и низа негодувања од гледалиштето, по што следеа и обиди за
конфронтација со останатите на кои не им се допадна неговиот коментар.