Навас: Среќен сум во ПСЖ, но не може и следната сезона да ги делиме натпреварите со Донарума

by
1 минути читање

ПСЖ направи проблем со тоа што во составот има два врвни голмани кои ги делат натпреварите. Незадоволство има и кај двајцата иако тие јавно велат дека имаат добар однос.

Навас по вчерашниот меч на ПСЖ рече дека таквата ситуација мора да се смени за следната сезона.

„Среќен сум во Париз, имам добар однос со Донарума, но сакам да бранам на сите натпревари, ќе биде комплицирано ако ситуацијата остане како оваа сезона“, вели Навас.

„Ситуацијата треба да се промени“.

Тоа значи дека или тој, или Донарума ќе треба да го променат клубот на лето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани