395
Екипата на Наполи треба да го надополни заминувањето на Квича Кварацкелија кој се пресели во ПСЖ.
Долго време се споменуваше Алехандро Гарначо, ама Манчестер Јунајтед не е баш расположен да го продава особено во јануари. Сега „пикот“ падна врз Карим Адејеми. Крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд е опција број еден за „партенопеите“ оваа зима.
За неговите услуги Наполи ќе мора да издвои барем 50 милиони евра за да ги задоволи апетитите на Борусија.
Адејеми е член на „милионерите“ од 2022 година, сезонава одигра 14 натпревари и постигна пет погодоци.