Наполи за прв пат по 63 години врза две победи во Серија А со четири гола разлика! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи за прв пат
по 1957 година врза два меча во Серија А со победа од четири или повеќе гола разлика. Вечерва четири различни
стрелци донесоа лесна и убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај Кротоне.

Лоренцо Инсиње по
половина час игра убаво пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1 и го отвори
патот кон нови три бода.

На стартот од
вториот дел, домаќините останаа со играч помалку откако Петричоне заработи
црвен, па избраниците на Џенаро Гатузо немаа тешка задача во продолжението.

Лозано остана сам
во 58. минута и рутински реализираше за 0-2, Деме зголеми на 0-3 во 76. минута,
а во последните секунди од мечот, Петања стави точка на натпреварот.

Нашиот Елиф Елмас
влезе во игра во второто полувреме на местото на Лоренцо Инсиње и на теренот помина
петнаесетина минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×