348
Наполи е на добар пат да го завери пласманот во Лигата на шампионите, денеска на убедлив начин дојдоа до победа над Удинезе.
Елиф Елмас и овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 76. минута од натпреварот.
Зиелински во 28. минута го отвори мечот, а три минути подоцна Руиз зголеми на 2-0, пред крајот на првото полувреме Окака намали на 2-1.
Во 56. минута Лозано зголеми на 3-1, а сите дилеми околу победникот ги реши Ди Лоренцо десет минути подоцна кој реализираше за 4-1.
Точка на натпреварот стави Инсиње во првата минута од судиското продолжение кој погоди за 5-1.