Наполи со нова жалба за службениот пораз од Јувентус

by
1 минути читање

Од Наполи упатија
нова жалба поради одлуката дербито со Јувентус да го загубат по службен пат со
3-0, како и одземањето на еден бод поради тоа што не отпатуваа во Торино за таа
пресметка.

Клубот и натаму
тврди дека локалните здравствени власти не им дале дозвола да патуваат откако
Пјотр Зиелински и нашиот Елиф Елмас добија позитивни резултати на тестирањето
за ковид-19.

Серија А и куќата
на фудбалот во Италија излегоа со тврдење дека Наполи не го следел предвидениот
протокол за заштита од ковид-19, како и тоа дека клубот не сторил се
што било во негова моќ за да го организира
гостувањето кај Јувентус пред локалните здравствени власти да интервенираат.

Сега Наполи
формално испрати трета жалба по тој случај до италијанскиот олимписки комитет,
а дополнително додадоа уште еден адвокат за тој случај, Матија Грасани, а
новото сослушување би требало да се случи околу 18 декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×