Со голови на Инсиње и Зиелински во второто полувреме, Наполи дојде до многу важни три бода од гостувањето кај Фиорентина. Елмас не настапи на овој натпревар.
Во последното коло Наполи ја пречекува Верона и со победа ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.
Беневенто поведе со 13. минута против Кротоне со 1-0. Гостите во 24. минута останаа со фудбалер помалку откако Големик доби црвен картон.
Домаќините брка важни три бода, повеќе од еден час имаа предност од играч повеќе на теренот против испаднатиот Кротоне, не дадоа уште еден гол, па примија во 93. минута, Сими погоди за конечни 1-1.
Беневенто се уште има шанси за опстанок, но мора Торино во вторник да го загуби заостанатиот меч кај Лацио, а тие во последното коло во директен дуел за опстанок да го победат Торино.
Сампдорија со гол на Кваљарела од пенал победи на гостувањето кај Удинезе со 1-0.