129
„Наполитанците“
го задржаа 100% учинок, вечерва пред своите навивачи рутински го совладаа
Каљари со 2-0 за шест од шест и 18 бода на врвот на табелата.
Резултатот беше
отворен во 11. минута, Ангиса одлично го уфрли Зелински, кој испрати остра
топка во петерецот за Осимен да реализира за 1-0.
Дилемите беа
решени по десетина минути игра во второто полувреме, Годин наивно стартуваше
врз Осимен и направи пенал, а Инсиње погоди од белата точка за 2-0.
Елиф Елмас натпреварот
го започна од клупата за резерви, доби шанса во второто полувреме и на теренот
помина дваесетина минути.