Наполи разгледува две опции за средниот ред, едната е Елмас и вреди 15 милиони евра

by
1 минути читање

Елиф Елмас и
понатаму е во центарот на вниманието кај повеќе европски гиганти кои веќе имаат
пријавено интерес за нашиот репрезентативец, а „Кориере дело Спорт“ известува
дека првиот човек на Наполи, Де Лаурентис начелно има план да тргне по неговиот
потпис.

Младиот 19
годишен фудбалер на Фенербахче е една од двете опции кои Наполи сериозно ги
разгледува за засилување во средниот ред, втората е Жереми Верету од Фиорентина, но „Виолетовите“
не сакаат ниту да преговараат за сума помала од 20 милиони евра.

Засилувањето може
да пристигне во Неапол уште оваа седмица, известува италијанскиот весник,  кој издвои дека Де Лаурентис ќе инвестира 15
милиони евра во походот кон Елмас, откако Македонецот подолг период е „скениран“
од страна на италијанскиот прволигаш.

Во меѓувреме, „Кориере
дело Спорт“ известува дека Наполи веќе добил позитивен одговор од Верету,
Французинот наводно посакува да се пресели во Неапол, град кој буди големи симпатии
кон него, а што се однесува пак до Елмас, во Италија неодамна известија дека
наводно Интер е неговата прва опција, и тоа по совет на капитенот на нашиот
најсилен национален состав, Горан Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани