Наполи по Европското ќе го пречека Инсиње со нов договор

by
1 минути читање

Во Италија
наведуваат дека Наполи се надева дека ќе ја продолжи соработката со својот
капитен Лоренцо Инсиње, а тоа би можело да се случи по крајот на Европското
првенство каде „Аѕурите“ експресно ја поминаа групната фаза, а вечерва против
Австрија тргнуваат во осминафиналето.

„Кориере дело
Спорт“ тврди дека во Наполи се надеваат дека соработката со Инсиње ќе продолжи,
а неговиот актуелен договор истекува идното лето, со тоа што неизвесноста по ова прашање од поодамна е
голема.

Се верува дека
првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да му го понуди новиот
договор на 30 годишниот офанзивец веднаш штом заврши европскиот турнир.

Инсиње досега
запиша 397 натпревари за Наполи изминативе 11 години, со тоа што постигна 109
погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×