567
Љубителите на
фудбалот во Неапол излегоа од своите домови да му оддадат почит на Диего
Армандо Марадона кој денеска почина на свои 60 години по срцев удар, откако
подолг период имаше здравствени компликации.
Навивачите на Наполи,
инаку поранешен клуб на Марадона, излегоа низ улиците со бакли во своите раце,
а не можеа да изостанат ниту солзи по големата тага.
Наполи својата тага ја отслика и на социјалните мрежи, каде фотографиите ги „обви“ во црно.

