На Олимпико во Рим со почеток од 21 часот, Наполи и Јувентус го играат финалето од Купот на Италија.
Доколку во текот на 90. минути биде нерешено, нема да има продолженија туку директно ќе се пристапи на изведување на пенали.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека по крајот на тренингот, Гатузо побарал од фудбалерите да останат и да вежбаат шутирање пенали.
Според најавите на италијанските медиуми, Елиф Елмас шансата за настап ќе ја чека од клупата. Во стартниот тим на негово место ќе игра Фабиан Руиз кој сега целосно е опоравен од повредата. Тој од клупата почна против Интер, но овој пат предвидувањата се дека ќе стартува наместо Елмас.
Хендикеп за Наполи ќе биде отсуството на голманот Давиде Оспина кој доби жолт картон на мечот со Интер и е суспендиран за утрешното финале. На голот на Наполитанците ќе биде Алекс Мерет.
Јуве нема проблеми со суспензии, но надвор од стројот поради повреди се Игуаин, Кјелини и Демирал.