Наполи ја прекина победничката серија на Интер, голем кикс на Хандановиќ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер на стадионот „Диего Армандо Марадона“ истрча со 11 победи по ред во Серија А, но тој нивни низ не продолжи вечерва.

Наполи поведе во 36. минута кога голманот на Интер, Хандановиќ сам си ја смести топката во мрежата.

По десет минути игра во второто полувреме, Кристијан Ериксен испука бомба од далечина за израмнување на 1-1.

Елиф Елмас во игра влезе во 88. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани