Наполи излезе со првата информација за повредата на Елмас

by
1 минути читање

Шокантниот пораз од Емполи не беше единствената непријатност за Наполи денеска. Мечот предвреме го завршија Елмас и Зиелински, двајца играчи кои се во одлична форма.

Елмас се повреди во финишот при судир со противнички играч во шеснаесетникот на Емполи.

„Елиф Елмас беше заменет во финишот на дуелот меѓу Наполи и Емполи поради траума на мускулот на десната потколеница“, стои во првата информација на Наполи. Во наредните денови ќе се знае дали и колку нашиот фудбалер ќе паузира.

Со Зиелински се чини дека ситуацијата е посериозна, тој поради потешкотии со дишењето го напушти мечот.

„Зиелински го напушти теренот поради потешкотии со дишењето. Првичните тестови беа негативни“.

Зиелински ќе биде подложен на детални тестови за да се утврди точната причина што довела до проблеми со дишењето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×