Наполи и Елмас со нов тренер во новата сезона, кормилото го презема Спалети

by
0 минути читање

Во Италија
наведуваат дека Лучијано Спалети би можел да биде нов тренер на Наполи за
идната сезона, клуб каде настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Џенаро Гатузо се
соочува со низа критики поради резултатите на клубот од Неапол, а постојано се
наведува дека неговата иднина во клубот не е сигурна.

Инаку последен
клуб кој беше предводен од страна на Спалети беше Интер, каде беше заменет со
Антонио Конте, а „Нероаѕурите“ сезонава се мошне близу до освојување на
Скудетото со тој тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×