Наполи и Елмас најголеми губитници во последното коло, Милан и Јувентус ќе играат ЛШ! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус сепак ќе
игра во Лигата на шампиони следната сезона, „старата дама“ го фати последниот
воз откако Наполи киксна дома против Верона.

Без Роналдо во
стартниот состав, „старата дама“ брзо ги реши дилемите на својот меч и со
головите на Киеза, Мората и Рабио, замина на пауза со предност од 0-3. На стартот
од вториот дел, Мората погоди по втор пат за 0-4, па фудбалерите на клупата
почнаа на своите мобилни да гледаат какви се резултатите на другите мечеви.

Во Бергамо,
Милано со два пенали славеше против Аталанта со 0-2, Кeси два пати беше
прецизен и ги осигура трите бода кои значеа топ четири пласмaн.

Во Неапол, домаќините
поведоа по еден час игра, Рахмани донесе 1-0 и резултат кој на Наполи му носеше настап во
Лигата на шампиони. Сепак, десет минути подоцна Хисај кисираше а Фараони
изедначи на 1-1 и го израдува Јувентус.

Избраниците на
Гатузо се мачеа, тешко креираа шанси па на крајот останаа разочарани и со настап
во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×