147
Наполи и Ливерпул ќе седнат на маса за да ги продолжат преговорите за евентуален трансфер на Дарвин Нуњез, јавуваат добро упатени извори.
Уругвајскиот напаѓач веќе ја дал својата согласност за преселба во Серија А, но преговорите се уште се во почетна фаза. Сè зависи од тоа колку ќе побара Ливерпул, Наполи има јасна цел, а сега следува да се најде заеднички јазик околу финансиските услови.
Нуњез се најде на радарот на италијанскиот првак по блескавите настапи во дресот на репрезентацијата на Копа Америка, а Аурелио Де Лаурентис е подготвен да инвестира во квалитетен голгетер за новата сезона.