Наполи го губи Скудетото на својот терен

by
1 минути читање

Наместо предноста на домашен терен да им е предност, на фудбалерите на Наполи тоа им создава тежина, барем тоа го кажуваат резултатите.

На последните девет домашни натпревари имаат само три победи, едно реми и дури пет порази. Последниот беше синоќа од Фиорентина.

Наполи има најдобра гостинска форма во Серија А, од 16 натпревари имаа 11 победи, четири нерешени и само еден пораз, тоа се 37 бодови. На овие мечеви имаат постигнато 31 гол, а примени 12.

Дома работите се поинакви, имаат пет порази на 16 натпревари, и освоени само 29 бодови. Дури шест екипи се подобри од нив на домашен терен, Јувентус, Милан, Лацио, Фиорентина, Рома и Интер.

Иако се уште се во игра за Скудетото, се добива впечаток дека Наполи ја губи трката поради лошите резултати на свој терен.

Во следното коло на гости им доаѓа уште еден незгоден противник, тимот на Рома која нема пораз на последните десет меча во Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×