216
Наполи одигра одличен меч, доминираше против Лацио речиси во текот на целиот натпревар и оствари убедлива победа.
Серијата ја отвори Зиелински уште во седмата минута од натпреварот.
Потоа следуваше шоу на Мертенс кој постигна два фантастични погодоци во 10та и 29та минута од натпреварот.
Точка на мечот стави Руиз со погодок на пет минути до крајот.
Елиф Елмас натпреварот го почна од клупата, во игра влезе во 64. минута од мечот.