156
28 годишниот
напаѓач на италијанскиот третолигаш Палермо, Џузепе Фела за момент се најде во
центарот на вниманието на пошироката фудбалска јавноста за тоа што го стори
изминатиов викенд.
Поранешниот клуб
на нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски обезбеди
победа од 2-0 над Потенца во „Серија Ц“, а Фела само што го постигна водечкиот
гол за домаќините тргна со една порака до гледалиштето, порака која беше
испишана на маичка.
Пораката всушност
беше запросување до неговата девојка, по што клекна на колена со свршенички
прстен, а од тоа што го објави Палермо на социјалните мрежи, дојде и потврда
дека девојката одговорила потврдно.