Напаѓач е, го купија 28 милиони евра, а конечно даде гол после 322 дена

by
1 минути читање

Бетис во неделата со 2-0 славеше на гостувањето кај Осасуна, а првиот од двата погодоци беше дело на Борха Иглезијас.

Тоа е негов прв гол од 19. јануари кога погоди против Реал Сосиедад. Отогаш до неделата поминаа 322 дена без да даде гол, а одигра 25 натпревари во тој период.

Иглезијас во Бетис дојде од Еспањол летото 2019 за сума од 28 милиони евра, но игра очајно во тимот од Севиља.

Има постигнато вкупно четири погодоци вклучувајќи го и неделниот, а има настапено на 46 натпревари.

Неговата статистика претходно беше импресивна, за Селта Виго Б тимот во сезоната 2016/17 даде 34 гола во Сегунда Б, потоа следната сезона за Сарагоса постигна 23 голови, исто толку голови даде и за Еспањол во сезоната 2018/19, затоа и неговата цена беше висока, но очигледно очајно му оди во Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×