Нападот на Интер проработе, хет-трик на Лаутаро, два гола на Џеко (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Интер немаше погодок на четири меча по ред, а Лаутаро Мартинез од декември. Салернитната изгледаше како идеален противник за тоа да се промени, и така беше.

Лаутаро Мартинез даде два гола во првото полувреме, и двата по асистенција од Барела за водство на Интер по првото полувреме од 2-0.

По десетина минути игра во вториот дел, по асистенција од Џеко, Лаутаро реализираше хет-трик за водство на Интер од 3-0.

Во 64. минута Џеко зголеми на 4-0, а пет минути подоцна Босанецот даде уште еден гол за конечни 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×