Наместо Саул, Барселона сега го посакува Феликс во трампата за Гризман

by
0 минути читање

Се шпекулира дека
Барселона повеќе не е заинтересирана за Саул Нигез, туку во трампата за Антоан
Гризман со Атлетико Мадрид, го посакува Жоао Феликс.

Од друга страна
пак, се верува дека Ливерпул веќе почнал преговори со „Јорганџиите“ за услугите
на Саул, иако дел од медиумите објавија дека Барселона и Атлетико Мадрид се
мошне близу до трампата за Гризман и Саул.

„Мундо Депортиво“
тврди дека Каталонците повеќе немаат интерес за Саул, а клучната улога во „премислувањето“
ја одиграл првиот човек на клубот од „Камп Ноу“, Жоан Лапорта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×