Наместо прослава, лут поглед кон трибините: За кого беше наменет потегот на Дибала? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус вечерва со 2-0 го совлада Удинезе, но потегот на Пауло Дибала ќе повлече многу прашања.

Изминатиов период има многу гласини за иднината на Аргентинецот. Се говореше дека по долги преговори конечно е постигнат договор за нова соработка и плата од 8+2 милиони евра.

Сепак, потоа се појавија шпекулации дека Јувентус сака да ги промени условите и дека Пауло Дибала нема да стави потпис на нов договор.

Па кога напаѓачот вечерва погоди против Удинезе, наместо да го прослави голот, реши да упати лут поглед кон трибините. Се верува дека ова е порака до директорите на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×