Минатиот месец,
Габон гостуваше кај Гамбија во квалификациите за Африканскиот куп на нации, а
експедицијата мораше со часови да седи на аердромот поради административни
проблеми и тестовите за ковид-19.
Со оглед на тоа
дека Габон пристигна во Гамбија нешто пред полноќ, фудбалерите баа принудени да преспијат на подот. Пјер Емерик Обамејанг веднаш ја сподели оваа срамна
ситуација на социјалните мрежи и напиша: „Браво КАФ, како да се вративме во
деведесетите години на минатиот век“.
Тој подоцна се огласи со нов пост: „Ова нема да не демотивира, но луѓето мора да бидат запознаени со
ваквите случувања и КАФ мора да превземе одговорност. Се наоаѓаме во 2020, Африка мора да забележи просперитет, но вака не правиме ништо“.
И наместо да
добие извинување од фудбалските власти, Африканската фудбалска конфедерација
реши да го казни Пјер Емерик Обамејанг.
Фудбалерот на
Арсенал ќе треба да плати 10.000 долари зошто ја оцрнил честа и сликата на КАФ
(Африканска фудбалска конфедерација).