1,1K
Рикардо Пепи е
новата млада ѕвезда во МЛС шампионатот и со своите добри партии го привлече
вниманието на голем број клубови од Премиерлигата. Напаѓачот често се
поврзуваше со Баерн но наместо да брка титули со гигантот од Минхен, тој реши
да се бори за опстанок и го одбра Аугсбург.
Се работи за трансфер
вреден 20 милиони долари плус бонуси, Аугсбург никогаш претходно во својата
историја не платил ваква сума.
18 годишниот
Рикардо Пепи денеска треба да пристигне во Германија на редовни лекарски
прегледи и доколку се оди според планот, утре ќе стави потпис на договорот и веднаш
ќе им се придружи на новите соиграчи.