Овој месец ќе почне сослушувањето во постапката која ја покрена Фудбалската асоцијација на Англија против Лукас Пакета за местење натпревари, односно намерно добивал жолти картони.
Лукас Пакета го чека голем предизвик надвор од терените, овој месец ќе почне сослушувањето во постапката која ја покрена Фудбалската асоцијација на Англија.
Бразилецот е под истрага откако беше утврдено дека имало нетипично голем број на уплати во обложувалница дека тој ќе добие жолт картон.
Под лупа е неговото однесување на натпреварите Вест Хем-Лестер, Вест Хем-Астон Вила, Вест Хем-Лидс и Борнмут-Вест Хем, околу 60 лица од неговиот роден Бразил уплатиле суми помеѓу 7 и 400 фунти, и вкупните добивки изнесувале 100.000 фунти.
Потоа беа покренати две нови обвинувања за попречување на истрагата и одбивање да соработува, откако Лукас Пакета се ослободил од мобилниот телефон, и на уредот му се губи секаква трага.
Сослушувањето се очекува да трае околу три недели, а ФА ќе бара доживотна забрана.
Лукас Пакета инсистира дека не е виновен, и ќе се обиде да докаже дека нема направени ништо погрешно.