Најскапиот голман во историјата за „ситно“ се сели во Арсенал

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ја продолжува кариерата во Арсенал, јавуваат британските медиуми. „Топчиите“ беа во потрага по нова алтернатива меѓу стативите, откако Барселона им го „украде“ првиот пик Жоан Гарсија од Еспањол.

Како логична опција се наметна Кепа, на кого му останува уште една година од договорот со Челси. Лондонските ривали се блиску до договор, а Арсенал ќе треба да плати околу шест милиони евра за неговите услуги.

Аризабалага во 2018 година пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Атлетик Билбао за рекордни 80 милиони евра трансфер што и ден-денес е најскап во историјата за еден голман. Но, последните две сезони ги мина на позајмици – најпрво во Реал Мадрид, а потоа и во Борнмут, каде што бранеше редовно. Сега ќе има нова улога во Арсенал, како замена за Давид Раја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани