Најмалку тројца играчи ќе заминат од Јунајтед, меѓу нив и Руни

by
1 минути читање

Жозе Мурињо сигурно ќе добие голем буџет за засилувања и во летниот преоден рок, но средствата ќе се зголемат со продажба и на дел од фудбалерите кои не задоволуваат со своите игри оваа сезона.

Според „Индепендент“, Вејн Руни е еден од тројцата фудбалери кои сигурно ќе го напуштат клубот, а останатите двајца се Ешли Јанг и Марун Фелаини, со нивното заминување треба да се направи простор за нови засилувања.

Иако стана најдобар стрелец во историјата на клубот, Руни веќе подолго време е далеку од своето најдобро ниво, почесто е на клупата за резервни фудбалери отколку на теренот, па јасно е дека последните години од кариерата ќе треба да ги одигра на друго место.

Неизвесна е и иднината на Марсијал кој никако не може да го покаже својот потенцијал за кој беше донесен во клубот.

Се очекува во спротивен правец, на Олд Трафорд да пристигне Антоан Гризман, но и уште неколку други играчи кои ќе го освежат тимот.

Најголем проблем оваа сезона за Јунајтед е постигнувањето на голови, само Златан Ибрахимовиќ е константен кога се во прашање погодоците, останатите офанзивни фудбалери мака мачат да ја погодат противничката мрежа.

Можен е ангажман и на уште еден напаѓач, но и на дефанзивен фудбалер, веројатно Линделоф од Бенфика.

Како и да е, Манчестер јунајтед веројатно го очекува бурен летен преоден рок со неколку важни промени во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани